Мигранти се криеле во куќа на жител од с.Лојане додека тој е на печалба

Мигранти се вселиле во дом на четириесет и двегодишен жител на селото Лојане кој бил на привремена работа во Швајцарија.

– На 07.04.2021 во Полициското одделение Матејче, Ш.А.(42) од село Лојане, општина Липково, со привремена работа во Швајцарија, пријавил дека во неговата напуштена куќа престојувале мигранти, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

По извршена контрола од страна на полициски службеници од Полициското одделение Матејче биле пронајдени 6 (шест) мигранти од Пакистан.

Извршен бил увид на местото од екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)