Миле Андоновски нов член на Советот на Општина Куманово

Миле Адноновски од Партијата на пензионерите од денеска е нов член на Советот на Општина Куманово. Тој доаѓа на позицијата советник преку коалицијата на СДСМ, откако Мартин Захариев претходно си поднесе оставка.

-Општинската изборна комисија го разгледа уверението и утврди дека наведениот советник има уредно и врз основа на закон поднесено уверение за негов избор. Врз основа на тоа верификационата комисија предлага на Советот на Општина Куманово да го усвои овој извештај и да изврши верификација на овој мандат, рече Лидија Костиќ, претседател на верификационата комисија.

Советникот денеска положи свечена изјава. Советникот Андоновски беше дел и од претходниот состав на Советот на Општина Куманово.

 

Коментари

коментар(и)