Милош Спасиќ одржа концерт во Центарот за култура

Во Центарот за култура синоќа концерт одржа Милош Спасиќ на пијано. Љубителите на класичната музика имаа можност да уживаат во делата на Хајдн, Шуберт и Лист. Спасиќ е роден во Куманово, 1996 година каде го започнал своето музичко образование.

-Овде завршив нижо музичко училиште, првите пет години ги завршив тука и интересно е што досега немав направено самостоен концерт во Куманово, ова ми е прв пат. Задоволен сум од настапот, салата беше полна, мислам дека и публиката беше задоволна-истакна тој.

Средно музичко завршил во Скопје, во Илија Николовски Луј, а во 2014 се запишал на Факултетот за музичка уметност во Белград. Во моментов е на мастер студии.

-Во Белград настапувам редовно ги имам поминато сите сали, и во Скопје настапувам секоја година-дополни Спасиќ.

Добитник е на бројни награди на домашни и меѓународни натпревари, Интерфест Битола, Моцартијана, Охридски бисери, Државен натпревар по музика во Македонија, Петар Коњовиќ и многу други.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)