Во текот на минатата недела во земјава се пријавени 18 случаи на групни пријави за заболени од грип соодветни за овој период од сезоната, со намалување за 48,6% во споредба со минатата недела (35), намалено во однос и на минатата сезона и просекот.
Заболените лица се регистрирани во Гостивар – 7, Тетово – 3, Струмица, Охрид и Прилеп – по 2 и Скопје и Куманово – по 1.
Во однос на возраста, забележани се заболени во сите возрасни групи освен во возрасната група од 0-4 години. Возрасната група 15-64 години бележи најголем број на заболени лица – 16.
Вакцинацијата против сезонски грип започна на 19-ти октомври и се спроведува во Центрите за јавно здравје.
Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, а заклучно со затворањето на овој извештај, вакцинирани се вкупно 51.860 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини. Во однос на комерцијалните вакцини вакцинирани се 2.421 лица.
Заклучно со 47-ма недела, во земјава, вакцинирани се вкупно 54.281 лица со бесплатна или комерцијална вакцина, информира Институтот за јавно здравје.