Министерката најави нови проекти на НУ „Музеј Куманово“

Националната установа „Музеј Куманово“ каде што се наоѓаат етнолошката, историската и архиолошката поставка до крајот на годината ќе добие нова покривна конструкција, а Занетчискиот дом и Спортската сала Соколона до 2017 година ќе имаат нови фасади, ова го најави министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска при денешната посета на Куманово. Министерката нагласи дека 70 проценти од предвидените проекти на кумановскиот музеј се завршени, а голем број се во реализација. Таа инфомираше дека  ќе продолжат археолошките истражувања на Кокино и Градиште во Младо Нагоричане, каде што беа пронајдени вредни артефакти.

-Кокино како еден бренд и проект кој што како држава сакаме да го промовираме  се наоѓа и во програмата на Владата и на Министерството за култура. Започнат е и процесот на експропријација во тој дел тука ќе имаме голем дел на пропратни содржини на самиот дел, патеки, ќе се отвори и еден музеј, сувенирница  ќе имаме и други пропратни многу интересни содржини кои што се ставени во тој акционен план-наведе таа.         

Министерката наведе дека археолозите од крајот на септември ќе работат и на локалитетот Костопертска карпа во Младо Нагоричане, каде што се откриени две базилики кои датираат од 5 и 6 ти век, а  ќе продолжи истражувањето и на локалитетот Црквиште во Клечовце, каде ќе се доистражуваат Римската бања и Ранохристијанската базилика од 6 ти век пред наша ера. Инаку Министерството за култура за следната година планира да издвои средства за целосна санација на конаците на Пресвета Богородица на манастирот во Карпино, како и во Забел во Старо Нагоричане. Според министерката освен конзервација на иконостасот во Карпино, Општина Старо Нагоричане ветила и дека ќе го направи патот кој води до овој манастирски комплекс, а е во должина од 6 километри.

Екипите на Музеј Куманово активно работат и на конзервација на 72 икони во црквата Свети Никола во Куманово. Тоа е еден повеќегодишен проект оваа година се предвидува 25 икони да бидат целосно конзервирани, веќе се во завршна фаза тие-додаде таа.

Министерството за култура и во иднина ќе продолжи да дава поддршка на активностите и проектите во делот на ликовната и музејската дејност.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)