Министерот Димковски ја посети реномираната фабрика „Бучен Козјак“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, во рамки на теренските настани, денеска ја посети и добропознатата млекарница од Куманово, Бучен Козјак. Тој истакна дека му е драго што е во посета на млекарницата, која што е успешна приказна и семеен бизнис, кој постојано се развива. На средбата било разговорано за потенцијалите и можностите за развој и проширување на млекарницата, производството на мелкото, односно целиот сточарски сектор. Тој нагласи дека млекарницата Бучен Козјак е директно вклучена во сите програми кои што ги има министерството, преку искористување на ИПАРД програмата, национална програма за развој на сточарството, со цел подобрување и зголемување на стандардите и квалитетот.

-Знаеме дека преку ИПАРД програмата основните услови за користење, а сето тоа е поврзано и со пазарот, е дека има потреба односно мора да се запазат стандардите, мора да се инвестира во нова технологија, а тоа и самата млекарница Бучен Козјак ќе ја направи многу поконкурентна на пазарот. Делот во кој што националната програма исто така се корисници односно веќе директно влегуваат и за производство на млеко, со што е исто така за поздравување, мрежата што ја има со индивидуалните земјоделци ја прошируваат, но и ги зајакнуваат нивните врски и соработки, се со цел ќе напоменам дека за нас е битен развојот, за самата млекарница кои со години вложуваат исто така во прогресивни и во знаењ и во зголемување на производството, а секако и во самите фармери бидејќи производството на млеко во најголем дел доаѓа токму од индивидуалните земјоделци веќе покриваат солиден дел на територија на Северна Македонија каде што се откупува, целиот овој крај се вклучени во директниот откуп, а знаеме дека се присутни низ целиот пазар на Македонија и е за поздравување и покажува сериозен пристап на пазарот и зголемена конкуретност-нагласи министерот.

Анита Спасовска, генерален директор на „Бучен Козјак“ посочи дека за верните потрошувачи во наредниот период подготвуваат уште многу нови производи.

-Бучен Козјак во иднина ја гледаме како уште позајакната компанија, со тоа што ќе пласира нови производи на пазарот, проширување на пазарот и зајакнување како во државата така и надвор. Ние како компанија ги користиме мерките кои што самата држава ни ги овозможува, со цел да го подобриме примарното производство и да помогнеме на фармерите во нивниот развој, но исто така да овозможиме што е можно поквалитетно сурово млеко и да произведеме уште поубави производи од постоечките-истакна таа.

Бучен Козјак за својата успешна приказна изминативе години се закити со многубројни награди, признанија и благодарници од разновидни институции и независни агенции кои вршат анализа на пазарот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)