Министерот за здравство тврди дека мерките даваат резултат

Министерот за здравство, Венко Филипче по редовната утринска координација со директорите на клиниките соопшти дека бројот на хоспитализации во болниците, се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти.

Тој потенцираше дека со директорите разговарале за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид центрите и ротациите со персонал. Бројот на хоспитализации во болниците, се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со ковид, се намалува и бројот на позитивни пацинети, што значи дека мерките даваат резултати. Без разлика што бројќите паѓаат, периодов мора да бидеме исклучително претапзливи, поради непредвидливоста на вирусот, напиша на својот фејсбук профил министерот Филипче.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)