Министерот најави поддршка за културата

„Ќе направам се што е во моја моќ за да придонесам да се подобри културната слика во Куманово, истакна синоќа министерот за култура Хусни Исмаили кој беше во работна посета на градот. Тој присуствуваше на отворањето на изложбата Византиски и поствизантиски сакрални споменици во кумановско од авторката Славица Крстиќ во уметничката галерија, како и на отворањето на 14-от Рома труба Фест на градскиот плоштад.  Претходно посетил дел од културни знаменитости и институции.

-Денеска дојдов во работна посета на Куманово и на институциите особено од областа на културата и одвоив само едно попладне но за жал сега увидов дека за Куманово треба многу повеќе време, при пат успеавме да посетиме неколку објекти и институции почнувајќи од Коџа Мехмед Беј џамијата што е објект под заштита на културата, беше во една мошне завидна состојбата препуштена на забот на времето, потоа бевме во Музејот видовме ликовната колонија, бевме во спомен куќата на Карпош што исто таму треба да се интервенира, го посетивме градоначалникот, имавме разговор ни ги преточи проблемите од културата, како и неговите активности како градоначалник-нагласи новиот министер за култура.

На средбата со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, разговарале за тековните активности и проблеми, како и за децентрализација на институциите од оваа област.

-Куманово има добра соработка со ова ресорно министерство и планираме таа соработка да ја продлабочуваме, разговаравме на повеќе теми, особено во делот на децентрализацијата во ресорот култура, бидејќи знаете дека имаме културен дом, театар, музеј кој општината сака да ги добие на локално ниво, има разбирање од министерот и во Владата за таа работа, се надеваме на поскорешна децентрализација, бидејќи како што знаете сите овие објекти особено Домот на култура предолг временски период беше трансформиран во дом на угостителски објекти и планираме да ја исправиме таа грешка од минатото и културата да се врати таму каде што припаѓа-посочи градоначалникот.

Манифестациите кои што деновиве се одржуваат во Куманово, се во рамки на програмата Куманово град на културата и пет века од неговото постоење.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)