Министерот Спасовски се приклучи на караванот „МојДДВ“

Околу 15 милиони сметки скенирани се досега, информираа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска при вчерашната посета на супермаркетот „Кит-Го“ со караванот МојДДВ. Спасовски потенцираше дека „Мој данок на додадена вредност“ е исклучително важен проект и за Владата и за граѓаните, затоа што и една од клучните поенти во програмата на Владата  е што е можно повеќе пари да се вратат кај граѓаните.

-Апелирам до граѓаните да  ја симнат апликацијата и да се приклучат кон проектот, да вратат дел од финансиските средства кои што ги даваат на државата како плаќање на Данокот на додадена вредност од една страна, а од втор аспект да се намали нивото на  сивата економија во државата. Секој од граѓаните и секаде да бараат сметки за трговија или за која било услуга и за тоа да знаеме дека  преку таквиот начин вложуваме во нашата иднина. Колку пари повеќе ќе се слеат во државната каса, во буџетот, толку повеќе ќе имаме средства во реализација на многу проекти за зголемување на плати, пензии. Едноставно, целата економија започнува да се движи, ова е надежен проект многу важен проект, изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи

„Заклучно со првите два месеца од почнувањето на проектот јули и август има 160.000 корисници на апликацијата мој ДДВ“, остварен е промет од скоро 7,6 милијарди денари. А ДДВ-то вкупно, 5 и 18 проценти, имаме околу 834 милиони што значи дека кај граѓаните ќе вратиме околу 125 милиони денари или околу два милиони евра. Направена е нова апликација со која граѓаните ќе имаат на увид колку ќе средства ќе си вратат назад во декември, за месеците јули, август и септември.

Според податоците што ги сподели Лукаревска, евидентиран е и зголемен број на пријави од страна на граѓаните на линијата 198 за неиздавање на фискални сметки и други нерегуларности поврзани со фискалните сметки. Имено, од самиот почеток на МојДДВ регистрирани се вкупно 342 јавувања за неиздавање на фискални сметки, додека во истиот период минатата година имало само 162 пријави.

Што се однесува до издавањето на фискални сметки кои се издаваат за горива за фирма, Лукаревска појасни дека доколку фискалната сметка се прикачи заедно со сметкопотврда и е потребна за евиденциите за правното лице, во тој случај не би смеела да биде скенирана.

 -Сега со оваа нова веб апликација, доколку има такви случаеви, граѓаните ќе можат да направат и поништување. Врз основа на тоа ќе имаме двојно враќање на средствата, а тоа е на секако даночно затајување на некој начин, истакна Лукаревска.

Караванот Мој ДДВ кој има за цел промоција на проектот ќе продолжи да се реализира и во останатите општини од државата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)