Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за Јавна безбедност Сашо Тасевски се сретнаа со амбасадорот на Шпанија во Република Северна Македонија, Хосе Луис Лозано Гарсија и новоименуваниот аташе за внатрешни работи за Република Северна Македонија со седиште во Софија, Хуан Пабло Иглесиас.
На средбата беше разговарано за досегашната билатерална соработка помеѓу двете држави, за што и двете страни се согласија дека меѓународната полициска соработка се одвива на високо професионално ниво и изразија подготвеност за нејзино продлабочување во наредниот период.
Од страна на амбасадорот Хосе Луис Лозано, уште еднаш беше потврдена поддршката што Шпанија ја дава на нашата држава, особено во процесот на евроинтеграциите.