Министерот Шапуриќ денеска во Куманово

Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ денеска посети неколку компании во градот. Тој се сретна со сопствениците на фирмите, кои го запознаа со проблемите со кои се соочуваат при работата, но и се информираа за мерките кои што можат да ги искористат.

-Еден од поводите е промоција на нови мерки, меѓутоа посебно бидејќи Куманово е познато по чевларската индустрија, зборуваваме околу проблемите со кои се среќаваат, испаќањето на минималната плата, доцнења од државата на субвенции како и воопшто нивниот производен процес и планови ме запознаа тука дека набавиле нови машини и дел најверојатно ќе ги искористат со новите мерки и догодина планираат нови инвестиции но она што е посебно значајно и ме израдува дека имаат ориентација во иднина на работат и на сопствен бренд, што не е лесно во денешни услови-истакна тој.

Тој се надева дека скоро усвоениот закон ќе даде позитивни ефекти и во оваа индустрија.

-Мерките се испаќаат ретрокативно со завршната сметка но оние што инвестирале во 2017 можат сега бидејќи е законот донесен пред некој ден но законските акти ќе бидат усвоени за десетина дена да аплицираат на пример ако е за опрема до десет проценти од опремата ако е за нова произведоствена хала, десет проценти за неа, за извоз вадење на сертификати и т.н. исто така одреден проценти како и за иновации, не е поврзано со овој закон и зголемување на плата над 18.000 денари. Овие мерки многу тешко може оваа индустрија во овој момент да ги исполни освен со тоа што е дадено во еден амандман во законот, дека ова важи и за другите комапнии да имаат раст, зголемување на плати-нагласи Шапуриќ.

Претседателката на Здружението на чевлари, Лидија Милановска се надева дека со заеднички труд ќе се надминат сегашните проблеми.

-Ги виде условите во кои што работиме, ги презентираше новите мерки со кои ние можеме да влеземе  зад а ги искористиме и притоа споделивме и проблеми кои се поврзани со нашата индустрија за можеме да соработуваме пошироко. Јас се надевам дека Владата ќе има слух за нашата индустрија, проблеми на кои можеме да работиме заедно-изјави таа.

Министерот Шапуриќ денеска имаше средба и со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)