Министерството за труд му помага на семејството Маличевиќ

Откако самохраниот татко, кумановецот Роберт  Маличевиќ  јавно ја раскажа својата тажна животна приказна и искушението  да ги даде ќерките и синовите во Дом за деца без родители за да ги спаси од глад и студ,  голем број граѓани и хуманитарни организации  му помогнаа на ова седумчлено семејство. Во врска со овој случај , денеска се огласи и министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски. Таа  посочи  дека  кумановскиот центар за социјални работи  ги презема сите неопходни активности кои што се во негова надлежност  да ја покрие проблематиката и грижата за семејството, пред се за шесте деца.  

– Центарот за социјални работи Куманово ги презеде сите неопходни чекори по однос на нивно вклучување во системот на социјална заштита и грижа за оваа категорија на деца,  меѓутоа и да обезбеди финансиска помош и поддршка во овој период додека е неопходно за решавање на проблемот на родителот кој што јавно го изнесе проблемот, изјави  Ременски при посетата на Тетово.  

Ременски вели дека центарот за социјални работи веќе поодамна го води овој случај, заеднички со центарот во Струмица бидејќи мајката на децата живее во вонбрачна заедница  со друго лице.

Инаку, семејството Маличевиќ живее од социјална помош во висина од 3200 денари, во една соба , а во туѓа куќа.  Децата се на возраст  од 8 до 18 години, со тоа што две од нив се лица со интелектуална попреченост. Ниту едно од децата  не оди на училиште. По  разводот, старателството врз шесте деца му припаднало на таткото, а мајката со себе го однела само најмалото, седмо заедничко дете со Роберт.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)