Мини митинг на СДСМ во Соколана

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Куманово, Максим Димитриевски и кандидатите за советници, вчеравечер одржаа средба со граѓаните од Соколана каде презентираа дел од мерките опфатени во програмата за престојните локални избори.

Димитриевски рече дека има бројни проекти наменети за сите граѓани на Куманово и дека е време Македонија да му се одолжи на Куманово со сериозни капитални инвестиции. Потенцираше дека со новите проекти ќе ги подобри условите за спортување во градот.

Ќе ветам една работа што ќе ја направам тука во Соколана, но не само во Соколана, туку и во центарот, на градскиот плоштад. Ќе изградам јавни тоалети, бидејќи тоа го нема во Куманово. На таа патека, која повторно ние од СДСМ и нашите коалициони партнери ја изградивме таа Атлетска патека, ќе изградиме една современа пресоблекувална за да спортистите се пресоблекуваат и тушираат така како што им доликува, но исто така ќе влеземе и во инвестиции во одржувањето и создавање на нови зелени површини, а на сите оние кои во изминатиот период се стекнаа со државен имот и не ги испочитуваа обврските за концесија на спортски објекти ќе им направам ревизија и ќе мора да ги вратат објектите на општината.

Дамјановски најави дека со Владата ќе се направат напори да ги врати Спортската сала, Стрелиште и уште неколку спортски објекти за да граѓаните ги користат за спортување, а не за трети намени.

Најави изградба на нови паркиралишта, монтажни и катни гаражи, капитална инфраструктура во коа се опфатени тротоари и велосипедски патеки.

Осумдесетите години Куманово имаше булевар со велосипедска и пешачка патека, денеска Куманово нема велосипедист на улица и кога ќе се движи пешак на улица не знае од која страна ќе го згазат дали од левата или од десната. Должам на моите кумановчани тоа да го променам, во следните четири години ќе ги тргнам сите возила од јавните прометни површини, од главните булевари и улици во Куманово, рече Димитриевски.

Пред присутните се обратија и дел од кандидатите за своетници кои ги повикаа граѓаните да гласаат за бројот 19, односно за Коалицијата предводена од СДСМ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)