Мини митинг на СДСМ во Соколана

Кандидатите за пратеници од листата на СДСМ вчеравечер во Соколана одржаа мини митинг и се сретнаа со граѓаните од овој дел од градот пред кои ја претставија програмата за претстојните парламентарни избори.

Мартин Захариев, кандидат за пратеник во втората изборна единица најави низа реформи и мерки за образованието и младите.

На студентите ќе им понудиме работен однос со скратено работно време со што со овој „парт-тајм џоб“ ќе им обезбедиме да печалат за време на своето студирање, со студентските картички ќе добиваат попусти во кафетерии, библиотеки и читални, а по завршувањето на своето образование ќе добијат понуда за вработување – рече Захариев.

Носителот на листата на СДСМ во втората изборна единица, Оливер Спасовски најавија низа мерки за развој на економијата во државата.

Ќе понудиме реална и буџетска помош од 140 милиони евра годишно за домашните компании за да можат да инвестираат, да создаваат работни места, а за тоа, како идна влада ќе бараме само еден услов. Работниците да бидат заштитени, да бидат здравствено и пензиско осигурани и да имаат достоинствена плата. Затоа Планот за живот предвидува во првата година од мандатот минималната плата да биде 12 000 денари, а на крајот од мандатот да изнесува 16 000 денари – рече Спасовски.

Спасовски вети и развој на стопанството и еднакви можности за домашните и странските инвеститори.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)