Мини саем на книгата во библиотеката

Библиотеката Тане Георгиевски во соработка со издавачката куќа Матица од Скопје,  организира саем на книга, кој трае неколку денови, заклучно со сабота. Граѓаните деновиве можат да се снабдат со најнови изданија и најбарани наслови од домашни и странски автори со специјални намалувања и саемски попуст од оваа издавачка куќа и издавачките куќи „Лагуна“ и „Вулкан’. Од Матица истакнаа дека секогаш им е задоволство кога се во Куманово, бидејќи кумановци важат за добри читатели.

-Кумановци се едни од ретките во Македонија кои традиционално со години покажуваат голем интерес за книгите, презадоволни сме од работата, читаат се и навистина е задоволство да се работи овде. За нас ова е дополнителна работа но со задоволство го работиме, бидејќи ретко се случува на едно место, народ да покаже интерес за секоја можна тематика што е пренесена во пишан збор-истакна Дејана Спасовска од Матица.

Од најстарата издавачка куќа, Матица потенцираа дека граѓаните читаат  белетристика, романи, драми.

-Од секоја тематика, секоја област, како најстара издавачка куќа ги покриваме сите области, има се и за секого.  Мене што ми се допаѓа што има голем интерес и кај младите, тоа е пренесено во домашни услови дека треба да се сакаат книгите, родителите ја пренесуваат љубовта се бара од детско до стручна литература-нагласи Спасовска.

Библиотеката Тане Георгиевски изминатиот период организираше мини саеми на книга со повеќе издавачки куќи, а според најавите на одговорните ќе продолжи да организира и во наредниот период во насока на популаризација на читањето, особено во овој период пред традиционалното одбележување на Месецот на книгата. Покрај нив се одржуваат и промоции на книги од домашни автори, литературни читања и трибини, часови со писатели.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)