Мирен протест за прегазеното дете

Под мотото „За правда“  невладината организација „Зани“  денеска организираше мирен протестен марш во куманово поради прегазеното четиригодишно дете кое што подлегна на повредите. Стотици поддржувачи на протестот точно во 15 часот тргнаа од пред влезот на гимназијата Сами Фрашери кај зелениот пазар и потоа движејќи се низ централното градско подрачје протестот го завршија пред основниот суд Куманово. Тука организаторот порача дека секој што ќе изврши еден ваков не хуман акт треба да се казни согласно Уставот и Кривичниот законик на РМ.

-Иднината на секое општество се децата и кога ќе се одземе еден детски живот се губи интегритетот на целото општество. Судската правда е еден начин да се оневозможи одмазда, но и еден вид морална сатисфакција за жртвите зашто загубата на животот на едно дете е еден акт кој што не може да се компензира, изјави организаторот.

Организаторот побара максимална казна за сторителот која што барем малку ќе ја ублажи болката на семејството. Исто така , на денешниот протест се апелираше политичките партии да ги остават на страна личните интереси и да се грижат за општествениот интерес, како што е животот на едно дете. На крајот, организаторот порача дека ако осомничениот го прогласат за психијатриски случај, и тие ќе полудат.

Инаку, двете засегнати семејства деновиве апелираа овој изолиран случај да не се користи за предизвикување меѓуетнички тензии.

Со истиот апел се огласи и МВР, кое што денеска обелодени дека на 26 јуни  против пет лица СВР Куманово поднело кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека првопријавениот 30 годишен кумановец сторил кривично дело „убиство во обид“ додека  останатите пријавени лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Од страна на судија на претходна постапка на првипријавениот веќе му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)