Мирослав Тричковиќ од коалицијата на ВМРО -ДПМНЕ е нов член на Советот на општина Куманово. Со 25 гласови „за“ советниците на денешната седница ја усвоија предлог – одлуката за верификација на мандат на член на Советот на општината.
Тричковиќ ја потпиша и свечената изјава и со тоа официјално стана дел од составот на Советот.
Новиот советник доаѓа на местото на поранешниот советник Бобан Николовски кој поради назначувањето за директор на ЈП „Куманово план“ поднесе оставка од советничката функција.
Инаку, Тричковиќ е член на ДПСМ и беше дел од Советот на Општина Куманово и во претходните два состави.