Мисајловски: Локалната и централната власт скарана- трпи граѓанинот

„Доаѓа обновата која носи достоинство, развој на туризмот, науката, културата, инфраструктурата, здравството“, порача носителот на листата во ИЕ 2 од ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски вчера попладне од населбата „Иго Тричковиќ“.

Тој посочи дека кај граѓаните владее позитивна енергија која ќе значи убав резултат за обнова на Македонија.

-Во Куманово фалат многу проекти долго време локалната власт е во рацете на СДСМ слушам сега во последно време со нивна демагогија повторно дека нешто ќе направат и повторно со нивните виртуелни проекти. Кандидатите за пратеници од изборната листа предводена од ВМРО ДПМНЕ се чесни луѓе кои ќе сторат се за да помогнат за развој на градот. Гледаме и слушаме секој ден како локалната и централната власт тука во Куманово е скарана. И кој трпи? Трпи обичниот граѓанин, изјави Владо Мисајловски, носител во ИЕ 2

„Иако на почетокот ветија дека ќе водат фер, демократска и европска кампања, меѓутоа, за жал на терен се случува спротивното“ , рече кандидатот за пратеник Бране Петрушевски.

-Последниве денови голем број на граѓани доаѓаат со слики  од онаа нивна позната активност пред секои избори да одат по улици каде ги условуваат граѓаните со потписи доколку сакаат асфалтирање или тампонирање на улиците, рече Бране Петрушевски, кандидат за пратеник

Пред присутните во населбата „Иго Тричковиќ“ говореа и останатите кандидати за пратеници од изборната единица 2 кои ја побараа поддршката од граѓаните.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)