Мисајловски: Ни треба обнова на идентитетот

Носителот на листата на Коалицијата за „Обнова на Македонија“ во изборна единица 2 Владо Мисајловски, денеска од жителите на Љубодраг слушна за повеќедецениските инфраструктурни проблеми во селото, но и за голем број други реални, а се уште не решени прашања.

„ Постојано слушам за проблеми во инфраструктурата, проблеми со лични прашања засегнати за секој еден граѓанин тука што општината или некој локален функционер не сака да им помогне да ги реши. Постојано слушам како земјоделците се незадоволни, зошто, затоа што некои граѓани ја дале довербата на ВМРО-ДПМНЕ, а централната и локалната власт се на СДСМ. Сакам еден апел и до централната и до локалната власт, иако технички премиер е Оливер Спасовски , иако локалната самоуправа е на СДСМ немојте да си поигрувате со интелегенцијата на граѓаните и немојте да ги правите некои граѓани дека се граѓани од втор ред. Ако имаат предмети за легализација не им ги чувајте во вашите фиоки, решете им ги. Ако сте ветиле нешто претходно со децении дојдете појавете се пред овие луѓе тука каде што сум јас и објаснете им зашто тоа сте го ветиле, а не сте го направиле. Со години овој народ е лажен од локалната самоуправа, се соочуваат со такви проблеми, а со мали зафати може да се решат, изјави Мисајловски.

Мисајловски ги повика жителите на Љубодраг да дадат масовна поддршка  на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Oбнова на Македонија“ , бидејќи според него, навистина треба многу обнова, особено во инфраструктурата во руралните средини.

-Треба особено да се вложи повеќе средства во секое едно населено место, треба обнова на културата, на семејните вредности на традицијата или како што ми кажуваат повеќе граѓани ни треба обнова на идентитетот, на македонизмот и на она што сме ние. Јас се надевам дека набрзо ќе имаме една убава победа тука во Куманово и многу работи ќе ги промениме, изјави Мисајловски.

Носителот во ИЕ 2, Владо Мисајловски им вети на граѓаните дека по изборите повторно ќе биде со нив и со нивните реални проблеми.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)