Мисајловски од Куманово: Се обврзуваме на проекти и обнова на Македонија

-ВМРО-ДПМНЕ е различна партија од сите останати, ние се заложуваме за проекти, за нова обнова во Македонија. Додека СДСМ велат дека можат повеќе да работат, јас мислам дека они можат повеќе да крадат, да продолжат со мито и корупција и можат повеќе да не угнетуваат. Затоа ние ќе ја обновиме Македонија и ќе продолжиме со позитивна кампања. Овој град е прекрасен и заслужува убави нешта, позитивни нешта и ние натаму оваа кампања ќе ја целиме. Секој граѓанин да доживее дека ВМРО-ДПМНЕ ќе му пружи убавини, нешто што се вика сигурна иднина. Овој ден е поубав бидејќи со мене е и министерот Наќе Чулев кој е тука во Куманово да си направи свои состаноци, но се разбира еве и имаме можност да бидеме заедно. Јас сакам да изразам и голема благодарност за оние работи што ги слушнав од него, дека силно е ангажиран за сите оние луѓе што се професионални лица во МВР што се во партиска кампања да ги санкционира. Јавно сакам да се заблагодарам такви луѓе требаат во државата. Луѓе што се професионалци и што сакаат да има фер и демократски избори ништо повеќе. Ни треба фер, демократска кампања  и тогаш ќе видите сите како ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Тоа е само таа цел, но освен што е тука министерот ние ќе се видиме и со граѓаните, ќе разговаравме, имавме и убав состанок денеска и со оние уметници, луѓе кои се авангарда тука во Куманово и во светот, кои ни пренесоа дека тие треба да бидат на пиадесталот, треба да се посветиме и ние како Влада како политичари, новата Влада што ќе ја направиме. Во Куманово има прекрасни луѓе, уметници, има луѓе кои ја промовираат Македонија, еден таков е Тони Михјаловски, мој пријател, кој секогаш кога ќе му кажам дека сум во Куманово доаѓа со мене, и тоа е најважно, да си го сакаш местото од каде што си, да си горд и да шеташ по улиците достоинствено. Им благодарам на сите граѓани што ни овозможуваат да бидеме пријатели со нив и кога ќе завршат изборите повторно ќе бидеме тука да продолжиме да имаме едно убаво општество, добри пријатели, изјави Владо Мисајловски, носител на листата во ИЕ 2 на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)