Мисајловски: Се обврзуваме на повеќе средства за Куманово

-Денеска имавме неколку настани, а продолжуваме и потоа на средби со граѓани во повеќе населени места. Се сретнавме и со младите, прошетавме тука да придонесеме малку  да ја подобриме и екологијата заедно со Унијата на младите сили, но и се сретнавме и со културните работници да разговараме околу нашата програма „ Обнова на Македонија“. Во нашата програма, веќе често пати велиме дека од акцизата ќе одвоиме средства и за спортот, но ќе одвоиме и за културата, значи еден денар за културата директно од акцизата ќе оди во државниот буџет односно ќе оди директно за културните работници, односно за самата култура. Јас постојано велам дека треба обнова во културата, уметноста,  во здравството, во инфраструктурата, и но Куманово исто така мора да биде на пиедесталот. Јас гледам дека нема никакви вложувања од страна на општината, има и технички премиер од Куманово кој навистина не го засега апсолутно ништо.  Затоа ние се обврзуваме и јас како носител на листа и овие луѓе позади мене како нови пратеници да помогнеме што повеќе средства да има само за Куманово, да има за повеќе проекти да има за обнова насекаде, изјави Владо Мисајловски, носител на листа во ИЕ 2 од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“

– Ние во нашата програма се обврзавме на 50 проценти почист воздухм, на почиста животна средина и веќе почнавме малку да придонесуваме во тој правец, поставивме корпи за отпадоци заедно со активистите волонтерите на Унијата на млади сили. Сакаме да потенцираме дека во нашата програма планираме засадување на преку 2 милиони нови садници, нови места и прибежишта на кумановци од горештините. Во програмата имаме и сериозни проекти во областа на гасификацијата. Во Куманово веќе подолги години стагнира гасификацијата, не се шири гасоводната мрежа. Се обврзуваме дека секое семејство во Куманово ќе има можност да добие бесплатен приклучок на гас, ќе инвестираме во гасификацијата на Куманово, ќе инвестираме во обновливи извори на енергија, во фасади и слично.

Ги повикувам сите да ни ја дадат поддршката на 15 –ти јули, изјави Бране Петрушевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово и кандидат за пратеник

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)