Мисајловски се сретна со кумановци

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски синоќа во општинскиот комитет на партијата се сретна со граѓаните, во рамки на кампањата „Разговори за обнова на Македонија“.

Истакна дека кумановци, исто како и граѓаните на другите градови во државата го запознале со проблемите со кои што се соочуваат и на кои навистина треба да се обрне внимание.

-Навистина имаше добри работи, јас ќе ги користам и објаснувам секаде каде што можам, само треба внимателот да се разгледаат бидејќи има многу иницијативи проекти, но и она што ги тишти граѓаните што се избркани тука во Куманово, од загубарите никогаш не се рестартирани има ветувања граѓаните се излажани, очекуваат дека утре тоа ќе им се врати, бидејќи некогаш очекувале дека тоа ќе се случи а нема да го добијат. Граѓаните имаат праг на толеранција но тој кога ќе се надмине граѓаните ќе си ја земат контролата во свои раце, народот ќе си ја врати довербата, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт и се ова што го слушаме мора да го реализираме-нагласи тој.

Мисајловски упати апел до кумановци да го посетат нивниот штаб во поранешен Комитет и да ги кажат своите проблеми, кои може да се најдат во програмата која што ја изработуваат.

-Да почнеме да разговараме, да направиме убава програма  во која секој ќе се прочита утре со неговата идеа, проект и се разбира она што може да го издржи државата како проекти, а не само да ветуваме како 600 километри автопати, дека платите со закон ќе ги зголемуваме а гледаме дека економијата не може да издржи-нагласи Мисајловски.

Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Божиновски посочи дека во Куманово во целост е пресликана неспособноста на централната власт. Според него, градоначалникот Максим Димитриевски во овие години откако е на чело на општината, покажал дека не знае да менаџира и да ги решава проблемите на граѓаните. Дополни дека  не се реализирани ветените проекти и капитални инвестици, па затоа посочи дека на следните избори ќе ја побараат поддршката на граѓаните, по три децении за прв пат да ја водат локалната самоуправа и да ги видат разликите.

-Не е капитална инвестиција онаа монтажна катна гаража во центарот на градот за која многу муабети може да слушне доколку помине на градскиот плоштад какво е мислењето на граѓаните. Максим Димитревски не почна да ја спроведува гасификацијата, не го реши водоснабдувањето во градот и многу други проекти, и можеби најболно е што тој не презема ништо на тема загадување. Знаете дека Куманово лани ова време беше број еден не во Македонија, Балканот, туку пошироко број еден град по загадување, а очекуваме за жал тоа да се повтори и оваа година-нагласи Божиновски.

Божиновски го повика првиот човек на Куманово, да почне да одговара на прашањата кои што му ги поставуваат, а меѓу кои и прашањето за издавање на деловен имот во рамки на поранешен Комитет.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)