(ВИДЕО) „Мисли глобално, делувај локално“ во СОУ „Перо Наков“

Средното општинско училиште „Перо Наков“ заедно со уште четири училишта од Турција, Кипар, Италија и Хрватска го реализираат проектот „ Мисли глобално, делувај локално“  од Еразмус + програмата.

„Со проектот се предвидени неколку мобилности во земјите учеснички, но заради ковид ситуацијата, сите активности успешно се реализираат онлајн“ , информира директорката на училиштето, Мила Жибак – Димковска. Во рамките на „ Мисли глобално, делувај локално“ издадени се и Водич за наставници за социјално претприемништво, Прирачник за социјално претпримништво за учениците, електронска книга, како и наставна програма, велат надлежните.

-Се надевам со надминување на ситуацијата дека проектот ќе биде завршен успешно преку мобилности кои што ќе ги реализираме во различните земји. Инаку, како аутпути од самиот проект се Водичот за наставниците за социјално претприемништво, Прирачник за социјалното претпримништво за учениците, електронска книга која што е поставена на сајтот на самиот проект, како и наставна програма, а сите аутпути ќе можат да помогнат и на наставниците како дополнителни материјали во нивното учење на учениците, за учениците за да го зголемат своето знаење од областа на социјалното претприемништво, како и на бизнисите кои што можат да црпат идеи за бизнисот, социјални идеи кои што потоа може да ги преточат во бизнис цели и реализација на нивни проекти, изјави Мила Жибак Димковска, директор на СОУ „Перо Наков“

Водичот за наставниците е составен од пет поединечни делови, а секоја од партнер -државите беше задолжена за нивната реализација, вели професорката Ивана Близнаковска која што е дел од работната група за реализирање на проектните активности.

– Самиот проект е обемен проект и предвидува многу различни проектни активности, заради ситуацијата, активностите мораше да се изработуваат онлајн, изјави Ивана Близнаковска, професор во СОУ „Перо Наков“

Според Близнаковска, за да се разбере улогата и влијанието на едно социјално претпријатие, Водичот е дополнет со е-книга во која се обработени  шеесетина примери за успешни практики на социјални претпријатија во светот.

Инаку, проектот „ Мисли глобално, делувај локално“  е во траење од две години.

Но, освен во овој проект, средното „Перо Наков“ како партнер училиште учествува и во проект со Србија, информира директорката Жибак – Димковска.

– И нешто ново за кое што сметам дека барем во градов сме единствени добивме како партнер училиште проект за меѓугранична соработка со Србија, со економското училиште од Врање, тие се носители на проектот, ние сме партнери, исто така од областа на социјалното претприемништво, изјави Мила Жибак – Димковска, директор на СОУ „Перо Наков“

„Перо Наков“ е вклучено и во меѓународните проекти „Учиме за Европа низ игри“ и „Европски виртуелни компании“, посочуваат надлежните.

 

Коментари

коментар(и)