Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Карпош

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера се обрати пред граѓаните во населба Карпош каде што посочи дека на 5 –ти мај ќе се отвори можноста за конечно ставање крај на СДСМ и политичарите што со децении во Куманово ги лажат и манипулираат граѓаните.

-Дојде денот кога ќе се стави крај на оние политичари што со децении ветуваат, а ништо не исполнуваат овде во Куманово. Ќе се стави крај на оние политичари што со лаги и измами битисуваат сето ова време на политичката сцена во Република Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ

Правото и правдата ќе дојдат на петти мај, им порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ на граѓаните.

Кога ќе дојде Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, рече Мицкоски , ќе го направат сето она што општината не го направила во оваа населба, а и било обврска.

Пред кумановци се обрати и претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Куманово, Бране Петрушевски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ рече дека за време на кампањата поминале повеќе од 10.000 километри, дека имале повеќе од 150 митинзи, настани, средби, разговарале со илјадници граѓани.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)