Мицкоски на средба со сопартијците

Да се мобилизираме како политичка структура и да започнеме кампања која ќе ги вклучи сите, се до следните предвремени или редовни паралементарни избори е пораката која што ја упати синоќа новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски пред кумановци. Мицковски синоќа присуствуваше на новогодишен коктел којшто традиционално го организира општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ќе ја искористам оваа прилика да се дружам со членовите на ВМРО ДПМНЕ и активистите во ОК на ВМРО ДПМНЕ од Куманово, ќе можеме да прибираме идеи , различни сугестии, како во идниот период ВМРО ДПМНЕ ќе ја води својата програма, на што ќе се темели таа програма, да видиме дали она што ние сме го замислиле или јас како претседател сум го замислил за идно функционирање на партијата е соодветно на спецификите за Куманово, така што очекувам денеска да имаме една плодна средба која што ќе има новогодишен дух, но за жал зачинета со еден траор бидејќи знаеме дека луѓето кои што беа триесетина дена во притвор денеска  им беше продолжен истиот,  изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ вечерва во Куманово.

Во рамки на средбата членовите и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ донираа помош за притворените сопартијци за настаните од 27-ми април.

-Вечерва се собравме тука членови на партијата предновогодишна традиционална средба коктел. Овој пат оваа средба ја наменивме за нашите притворени сопартијци и сограѓани и собираме определена хуманитарна помош за притворените-истакна советникот Драган Петковски.

-На оваа средба не е организирана некоја културна манифестација оваа наша средба всушност е донација, бидејќи се сочувствуваме со семејствата на притворените и во тоа име сакаме да дадеме мал придонес и психички и финансиски за нивните семејства-истакна Анета Шандева Доневска.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера во знак на бојкот поради притворените сограѓани ја напушти седницата на Советот на општина Куманово и побараа да претстане политички прогон.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)