Мицкоски: Програма за поголема плата и пензија

Најнизок данок во светот, невработеност под 10 проценти, поголема плата за 25 проценти и пензија  за 20 проценти и 1.000 километри реконструирани патишта, се дел од проектите кои што пред кумановци ги вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој заедно со кандидатите за пратеници ја промовираше програмата Обнова за Македонија. Мицкоски најави субвенции за фасади, бесплатен приклучок на гас, инвестиции во образованието и здравството, но и враќање на националното достоинство. Пред кумановци вети по 800 милиони денари за спортот, културата и образованието, додека за земјоделците се предвидени 640 милиони евра и загарантиран откуп.

За четири милијарди евра домашни и странски инвестиции во еден мандат, за невработеност под 10 проценти, за најнизок данок во светот, од 8 проценти, за оној кој што ќе вработи млад човек до 29 години 0 проценти данок. Го укинуваме прогресивниот се враќаме на стариот рамен данок… вкупно 2, 4 милијарди денари за спорт, култура и образование, тоа се вашите три денари од акцизата за дизел горивото, парите назад кај граѓанитенагласи Мицкоски.

Носителот на пратеничката листа во изборната единица 2 на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски посочи дека Куманово заслужува да биде убав, урбан град, бидејќи е најголема општина во државата.

Додека некои смислуваат црни сценарија, размислуваат на рекет и корупција, Христијан Мицкоски и ние во ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата размислувавме како да направиме 1.000 проекти. Како да има индустриска зона во Куманово, како да продолжат експресните патишта, како да има големи пензии, поголеми плати, но овој пат вие одлучувате, одлучувате бидејќи може да биде доцна, обновата доаѓа Куманово ќе биде предводник на победата-посочи Мисајлоски.

Пред кумановци зборуваа и кандидатите за пратеници, Рашела Мизрахи, Бране Петрушевски, Иван Стоиљковиќ, Кети Димковска и Тихомир Алексовски, кои повикаа да се гласа за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, за да се стави крај на неправдата во државата.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)