„Младинска медиумска писменост“ –проект на Дром и ТВ Плус

Ученици од кумановските средни училишта денеска беа дел од работилница насловена „Медиумска писменост “ која е во рамки на истоимениот проект кој го спроведува Центарот за ромска заедница „Дром“ од Куманово во партнерство со телевизија Плус. Да се зголеми нивото на медиумска писменост кај младите , но и да можат да препознаат лажни вести односно вести кои што нудат дезинформации се дел од целите на проектот, посочува главниот уредник на телевизија Плус, Драган Ивановски.

-Денеска имаме работилница преку која ќе се обидеме да дојдеме до една целина од она што тие го имаат смислено на обуките и да подготвиме материјал кој подоцна во наредните денови ќе биде снимен во продукција на телевизја  Плус, да изработиме едно до две видеа во кое што ќе бидат сумирани тие нивни идеи и на некој интересен начин тоа видео да биде податливо, да понуди на младите посебно, меѓутоа и на сите категории граѓани да бидат претпазливи кон тоа кога ги следат медиумите да можат да препознаат точно што се лажни информации, а кои инфирмации се точни, вистинити, изјави Драган Ивановски, главен уредник на Телевизија Плус

Досега во рамки на проектот се реализирани  четири презентации пред младите во средните училишта во Куманово, а се одржа и обука во Берово.

-Децата кои беа присутни на тие презентации беа на тридневна обука во Берово каде што работеа во групи и осмислија неколку начини како да дојдеме до некои едукативни содржини кои подоцна можат да се емитуваат на нашата телевизија и секако да се споделат на социјалните мрежи за да бидат видливи за младите и да ги насочат кон тоа да умеат да ги препознаваат лажните вести и да не реагираат на нив односно да реагираат соодветно, изјави Ивановски.

Проектот  „Младинска медиумска писменост “ е во рамки на поголем проект насловен „Со критичко размислување до граѓани со медиумска умешност- КриТинк “, кој го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и Центарот за европски стратегии „Евротинк“ . Проектот ќе се реализира до март  годинава, а е финансиран од Европската унија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)