Младите од „Кумановски акцијаши“ го чистеа Нови Пазар

Подмладокот на Здружението „Кумановски акцијаши“ учествуваше на повеќедневна меѓународна работна акција во Нови Пазар, Република Србија. Младите седум дена активно работеле на чистење и разубавување на градот, но имале време и за дружба.

-Си поминавме многу добро, стекнавме одлични исксутва, другаруваме, уште сме во контакт. Под Кумановски акцијаши се водеа уште шест општини и ни беше многу убаво, мислам дека треба такво нешто да се одржи и во нашиот град.  Дружење не поттикна да се вклучиме, многу е убаво ние младите да ја разубавиме животната средина-посочи Стефани Крстевска командант „Кумановски акцијаши“.

– Кога ќе каже некој акција не се подразбира само физичка работа, туку и дружење, шетање, има и работа но повеќе е дружба, кога ќе се заврши планираната работа одиме на прошетки.  Искрено чувството е многу убаво, запознавме многу луѓе од различни места, го посетивме и Нови пазар, многу убаво место, го разубавивме градот-изјави Ивана Маневска, член на Кумановски акцијаши-

Младите членови на Кумановски акцијаши дополнуваат дека е чест да си дел од вакво здружение, преку кое придонесуваш за чиста околина и поубава животна средина.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)