Младо Нагоричане доби бекатонска патека

Детско игралиште и ограден плоштад ќе добие селото Младо Нагоричане, а во меѓувреме се поставува бекатонска патека до центарот на селото. Инвестицијата ја обезбеди Општина Старо Нагоричане од Бирото за регионален развој преки Северо-источниот плански регион  информира градоначалничката Жаклина Јовановска, посочувајќи дека патеката е во должина од 700 метри. 

-Исто така во близина е и Културно- информативниот центар кој што Општина Старо Нагоричане минатата година го заврши , а патеката ќе продолжи се до плоштадот во Младо Нагоричане.  Во овој проект е опфатено и детско игралиште, во план е и ограда на самиот плоштад , ќе се засадат зимзелени дрвца, изјави  Жаклина Јовановска, градоначалник на Општина Старо Нагоричане

Патеката од бекатон ја поврзува градинката со основното училиште во маалото Ѓорѓовци и продолжува до плоштадот во Младо Нагоричане.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)