МНР: Протерувањето на дипломат од Москва е одлука базирана на политичка освета

Министерството за надворешни работи информира дека денес вршителот на работите во Амбасадата на Република Македонија во Москва, Оливера Чаушевска – Димовска е повикана во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација при што ѝ била врачена Нота за прогласување ‘нон грата’ на наш дипломат – аташе од Амбасада на Република Македонија во Москва.

Министерството за надворешни работи искажува жалење за овој неоснован потег на руската страна, кој според МНР претставува политичка одлука базирана единствено на начелото на политичка освета, и која со тоа негативно ќе влијае на интензитетот на билатералните односи меѓу двете земји.

Коментари

коментар(и)