Мобилни тезги на зелениот пазар

 На зелениот пазар во Куманово денеска се промовирани дваесет мобилни тезги за свежи земјоделски производи обезбедени во рамките на проектот „Одржлив пазар на свежи земјоделски производи на земјоделци од прекуграничната област во општините Куманово и Гњилане“. Градоначалниците на двете општини потенцираа дека целта на проектот е да се подобрат условите на пазарот за трговците, но и за крајните потрошувачи, граѓаните.

„Го зголемивме нивото за здравствена заштита бидејќи ги заменивме старите азбестни, канцерогени табли кои што се користеа за покривање на градскот зелен пазар. Се надевам дека во следниот период со нашата партнер општина Гњилане од Република Косово и односите кои што секојдневно ги унапредуваме ќе резултираме и со потпишување на взаемна спогодба за збратимување на двете општини“ , изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Градоначалникот на Општина Гњилане, Љутви Хазири смета дека со подобрување на условите на пазарот во иднина ќе се врши размена на земјоделските производи и трговци од двете општини. Проектот, финансиран од ЕУ е во вредност од 324.000 евра.

„Со 15 проценти од македонската страна во проектот партиципира и Министерството за локална самоуправа“ , посочи  градоначалникот Димитриевски.

Директорот на јавното претпријатие „Пазаришта“  Илир Саити смета дека успешната реализација на проектот е уште еден поттик за заедничко аплицирање на нови европски проекти.

Претходно, во Занаетчискиот дом пред присутните беа презентирани досегашните активности реализирани во рамките на проектот.

Имплементацијата на проектот започна во јануари 2018-та, а заврши  денеска со промоција на мобилните пазари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)