Мобилност Куманово со тематска работилница

Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет на Куманово, Кратово и Крива Паланка – Мобилност Куманово, утре ќе одржи  тематска  работилница насловена „ Да ги премостиме архитектонските бариери. ПРИСТАПНА МАКЕДОНИЈА.

Излагач на темата ќе биде Бранимир Јовановски – претседател на Мобилност Македонија, а во дискусијата со свои конкретни предлози можат да се вклучат присутните претставници на работилницата од 16-те здруженија членки на Мобилност Македонија, како и претставниците од секторите за урбанизам и за комунални работи при локалните самоуправи.

Тематската работилница се организира по повод Ден на лицата со телесен инвалидитет на Македонија што се одбележува на 04 декември.

Работилницата ќе се одржи во ресторан Грација, со почеток во 10,30 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)