Можни субвенции за јавен превоз за пензионерите

Постои можност пензионерите во Куманово да добијат субвенции за градски превоз. Ова прашање на последната седница на Советот, го наметна советникот Миле Андоновски, по што градоначалникот Максим Димитриевски одговори дека дава поддршка на идејата, но треба да се направи преглед на бројот на пензионери, како и на финансиските средства кои што би биле потребни.

-За линискиот превоз јас поддржувам една ваква иницијатива и идеа да се излезе во пресред на наши сограѓани, пензионери, и подготвен сум заедно да разговараме на оваа тема. Ја користам оваа прилика да ве информирам и вас, но и надлежните невладини организации, пензионерски друштва, да поднесете еден статистички показател до општината, колку пензионери имаме во градот и какви финансиски импликации би биле по буџетот на општината, а воедно би се заложил да разговарам и со давателите на услуга на јавниот превоз, за да тоа го усогласиме. Постои позитивно мислење и од моја страна а верувам тоа ќе дојде и на Советот за да се реши ова барање но истото, треба да се препрати во официјална форма и да биде поддржано од страна на сите вас и верувам дека тука ќе имате консензус без оглед дали се работи за здруженија, политички субјекти и сл-истакна кумановскиот градоначалник.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)