Моментално во Куманово се лекуваат 77 пациенти

Што се однесува до моменталната ситуација во болничкото лекување, во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 464 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, од кои 77 се лекуваат во кумановската болница.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и ,доколку се јави потреба, одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)