Момче паднало од зградата на поранешен „Жито-мел“

Четиринаесетгодишно момче од Куманово е повредено откако завчера паднало од напуштената зграда на поранешната фабрика „Жито-мел“ .

Момчето таму заминало со своите другари за да се фотографира, соопштува полицијата. Според МВР, на осми февруари во 15 часот во СВР Куманово од Ургентниот центар Куманово било пријавено дека од улицата „Тодор Велков“, било донесено дете со повреди од пад.

Веднаш по пријавата, полициски службеници  излегле на местото на настанот и било констатирано дека истиот ден околу 14,30 часот, шест малолетни лица  заминале во зградата на поранешен „Жито-мел” со цел да се фотографираат.

Потоа сите се упатиле на петтиот кат од објектот, во делот силоси за жито, по што едниот од нив на возраст од 14 години движејќи се наназад, не забележувајќи дека на подот има отвор од силос, пропаднал внатре во отворот, паѓајќи до приземната просторија.

Од падот, момчето родено 2005-та година се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Веднаш по несреќата, извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Куманово.

Инаку, по затворањето на фабриката, имотот на „Жито-мел“ е необезбеден, а често е и мета на пожари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)