Во предновогодишен амбиент, српската модна куќа „Мона“ вчеравечер организираше ревија што се одржа на сцената на Македонската опера и балет во Скопје. „Мона “ за неколку месеци ќе прослави 20 годишно постоење и работа во Македонија. Оваа модна куќа е една од омилените брендови на чанти, кожени додатоци и облека по светски трендови на македонската публика. Пред присутните синоќа беше претставена колекцијата за есен/зима со некои детали за пролет/лето. Новата колекција , како што изјави сопственичката на Мона , Нада Момировиќ минатиот месец била промовирана во Белград.
– Повеќе од 20 години уживавме гостопримство како на ревиите со нашите колекции така и со нашите производи кои што се продаваат овде во Скопје во три продавници. Фактот што луѓето ја прифатија оваа колекција покажува дека ние сме овде како домашни. Бизнисот оди , но секогаш може да биде подобро, но тоа не е најважно. Најбитно е ние тука да сме присутни и секогаш да сме добредојдени, како со облеката за која се трудиме да одиме по светски трендови, да го одржуваме нивото на квалитетот , секогаш да бидеме она што треба, а се обидуваме да се избориме и со цената иако конкуренцијата е многу голема, но тука сме, изјави Нада Момировиќ, сопственичка на „Мона “
Македонија е земја на сериозен економски потенцијал поради што им препорачуваме и на другите инвеститори да го вложуваат својот капитал во оваа држава, рече во своето обраќање сопственикот на „Мона “ Ѓорѓе Момировиќ.
-Тоа се две децении убава работа каде што имавме поддршка пред се од потрошувачите од Македонија, а потоа и од сите останати структури и тоа ни овозможи да секоја година постигнуваме се подобри резултати во Македонија. Ние сфативме дека Македонија не е само земја на добри луѓе туку е и земја на сериозен економски потенцијал и планираме најсериозно да во наредниот период влеземе во сферата на туризам, односно угостителство. И им препорачуваме и на српските и на сите други инвеститори дека треба да дојдат на ова подрачје и дека навистина ќе наидат на поддршка од локалните власти, рече Ѓорѓе Момировиќ, сопственик на мода куќа „ Мона “
Високиот квалитет и актуелните трендови ја правата „Мона “препознатлив српски моден бренд надвор од границите на Република Србија, рече на синоќешната модна ревија , амбасадорката на Р.Србија во Македонија, рече Душанка Дивјак Томиќ , амбасадор на Р.Србија во РМ
-Со посебно задоволство сакам да нагласам дека овогодишното претставување на Мона во Скопје е реализирана во соработка со ФОН универзитетот со кој Мона воспостави непосредна деловна соработка. Главните корисници на овој вид соработка на ФОН се повеќето млади и креативни студенти и нивните професори кои во МОНА препознаа потенцијал и корисно искуство кои се неопходни во изградба на квалитетни идни кадрови посебно во областа на дизајнот, вклучувајќи ја модата во најширока смисла. Во тоа ја гледам гаранцијата на трајноста и взаемната корисност на оваа соработка со искрени желби таа постојано да се збогатува.
На модната ревија на „Мона“ присуствуваа голем број на личности од јавниот и културно- уметничкиот живот.