Мотоциклист удри во дете во населбата Карпош

СВР Куманово информира дека вчера во 13 часот и 05 минути било пријавено дека на крстосницата од улиците „100“ и „21“ во населбата Карпош, мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од  38- годишен кумановец удрил во малолетен пешак. Во незгодата мотоциклистот и пешакот се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата, соопштија надлежните.

Коментари

коментар(и)