МТСП: Од утре почнува етапната исплата на февруарските пензии

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши на 25 февруари;

-За пензии со висина до 14.000 денари, исплатата ќе биде на 26 во петок;

-За пензии со висина до 18.000 денари, исплатата ќе се изврши на 01 март во понеделник; и

-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата ќе биде на 02 март во вторник.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 25 февруари (четврток). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)