Музеј Куманово со модна ревија ќе се претстави во Софија

Mодната ревија насловена како „Модните трендови и културата на живеење од Ала франга до современа мода“ што ја организира Музеј Куманово, во петок ќе гостува во Културно-информативниот центар во Софија. Ревијата веќе беше прикажана во Куманово, Скопје и Крива Паланка, а главната цел е да се прикаже културното богатство надвор од границите на Република Македонија коешто претставува обележје на еден народ, во овој случај на Куманово.

– Прв пат ја носиме ревијата надвор од границите на РМ.Ова беше нешто невообичаено малку излеговме од контекстот на изложбите. Се работи за манекени, презентација во живо. Наидoвме на многу позитивни критики од сите страни, изјави Анита Цветановска, директор на Музеј Куманово.

Ревијата е финансирана од Министерството за Култура, а Цветановска најави дека во октомври, годинава, пред кумановската публика ќе биде претставен вториот дел од ревијата кој содржи креации од средината на 50-те години преку која ќе биде претставана културата и модното живеење на кумановци.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)