Музичка работилница во Центарот за култура

Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ со сопствени средства направи музичка работилница. Надлежните од установата инфомираа дека успеале да репарираат и одредени инструменти. Работилницата ќе ја користи младинскиот оркестар.

-Имавме една просторија, решивме да направиме од неа музичка работилница со наши сопствени средства успеавме да го направиме тоа, успеавме да репарираме и некои 7-8 инструменти кои беа тука во Центарот за култура, докупивме некои нови, така што се надеваме дека тука ќе биде еден функционален простор за работа на младинска музичка екипа, која ќе биде од добробит за сите нас. Имаше потреба, доаѓаа тука дечиња млади од средни училишта, прашуваа дали може тука да вежбаат, да ги искажат своите креативни способности, ние тоа им го овозможивме, слободно нека доаѓаат  тука имаме формирано музичка група, и мислиме дека ќе бидеме успешни-нагласи директорот Сашо Тодоровски.

Музичкиот соработник при Центарот за култура, Александар Митрички дополни дека во овој простор ќе можат да работат талентирани средношколци.

-Условите ни се навистина скромни, благодарност до директорот што се обиде да ни овозможи со скромни средства една просторија во која што ќе работиме, подоцна ќе биде и студио за да може да имаме продукциска работа таму, опремивме околу 8 гитари што беа за расходување, ги репарирвме и ги пуштивме во употреба да се користат, бидејќи пари за нови инструменти немаме, но се надеваме на поддршка од бизнис заедницата, општината и ресорното министерство во текот на наредната година целосно да се оформиме со музичка опрема за продукција и репродукција на музика-нагласи тој.

Младинскиот оркестар кој што ќе работи во музичката работилница е речиси формиран.   

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)