Мултимедијален настан „Заедно за иста цел“

„Заедно за иста цел“ е насловен мултимедијалниот настан организиран денеска од ЦИВИЛ –Центар за слобода во соработка со Општина Куманово и Отсек за превенција како дел од проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“.

Присутните имаа можност да проследат видео проекции, музика, сценски настап на учениците од гимназијата, но и доделување на награди за најуспешните учесници на конкурсот за ликовни творби. Активноста е дел од заедничките заложби на ЦИВИЛ, основните и средни училишта, локалната самоуправа и полицијата за јакнење на јавната свест и граѓанска едукација против насилниот екстремизам.

Како резултат на досегашните работни средби и проектни активности заклучено е дека најчесто насилството се појавува меѓу младите, посочува Билјана Јордановска од ЦИВИЛ .

– Затоа сакавме да ги активираме младите и поради тоа организиравме една креативна работилница која што се одржа на втори мај во гимназијата Гоце Делчев, на која учествуваа околу 20 деца од повеќе средни и основни училишта во Куманово  кои преку боите, симболите и пораките, ги споделија своите мисли и доживувања за човековите права и слободи, мирот, ненасилството и безбедноста. Делата на учесниците во работилницата, заедно со сите што учествуваа на ликовниот конкурс „Заедно за иста цел“ ќе бидат дел од изложбата на мултимедијалниот настан.

Освен претставници на ЦИВИЛ и Отсекот за превенција при СВР Куманово пред присутните се обрати и градоначалникот Максим Димитриевски.

-Од овде вие всушност испраќате една порака на мир, една порака на пријателство, толеранција и дијалог –да , насилство – не, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)