Мулти култи со мотивациска конференција

Мотивациска конференција на тема уметност наменета за средношколци се одржа вчера во Центарот за култура. Истата ја организираше Мулти култи во рамки на проектот Мотив 8. Конференцијата има за цел да ги поттикне младите да се занимаваат со уметност, да бидат креативни.

-Младите се креиативни, секогаш се заинтересирани за нашите уметнички, пред се театарски работилници на наше големо задоволство и еве самите гледате има голема заитнересиреност, среќни сме што е тоа така им треба повеќе ваков простор за да можат да направат нешто свое и за да кажат во однос на културниот живот во градот и да напоменам дека проектот е финансиран од УНДП програмата за развој на Обединетите нации. Се спроведува до јуни секој месец имаме различна професија за разгледување ова беше за уметност веќе наредниот почнуваме со бизнис и ги поканувам сите млади кои се заинтересирани за бизнис и онлајн маркетинг да ги следат нашите објави затоа што наскоро ќе имаме објави за работилници-нагласи Александра Михајловска, координатор на проект Мулти култи.

На крајот на конференцијата беше изведен и краток перформанс на тема Уменикот во нас, кој е резултат на претходните работилници на младите од градот.  На настанот присуствуваа уметници од градот, кои споделувајќи ги своите приказни се обидоа да го разбудат уметничкиот дух кај младите.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)