Мургашанска: Со членството во НАТО-иднината е сигурна

„Со членството во НАТО иднината е сигурна, обезбедуваме стабилност и цврсти граници за безбедна иднина на нашите деца“, истакна на денешната прес-коференција претседателката на Советот на општина Куманово, Атина Мурашанска.

Таа посочи дека Македонија станува рамноправна 30-та земја-членка во најсилниот сојуз на светот, признаена со право на глас и одлука.

-Со влезот во НАТО влегуваме во безбедносен штит на најмоќниот воен сојуз во светот. Трајно ќе ги заштитиме нашите граници и територија, а Македонија станува фактор на стабилност во регионот. Токму затоа на 30-ти септември одлучно, решително и сите заедно да излеземе и кажеме За, за подобра иднина на Македонија во ЕУ и НАТО, на најдемократскиот начин на одлучување, референдумот-нагласи претседателката на кумановскиот совет.

Мургашанска посочи дека вчерашниот марш за Европска Македонија ја покажал поддршката на граѓаните да зачекориме во друштвото на најдобрите, просперитетните и најсигурните.

„Решеноста на реката народ што вчера ги преплави уливите на Скопје е да одбере напредок, а не стој во место, да одбере безбедност а не неизвесност“, заклучи таа.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)