Мургашанска: Ќе инвестираме во индустриската зона

Носителот на листата од Коалицијата предводена од СДСМ , Атина Мургашанска и кандидатите за советници , денеска одржаа прес конференција на која беа презентирани дел од мерките опфатени во програмата за локалните избори, наменети за креирање нови работни места.

-Во нашиот план  за живот за Куманово планираме повеќе пари за општината, а со тоа и повеќе можности за сите. Ќе вложиме во младите и ќе отвориме центри за отпочнување на развој на бизнисите. Ќе направиме здружување на бизнис заедницата , општината и граѓаните со единствена цел нови и подобро платени работни места“, изјави Атина Мургашанска, носител на листа на советници на СДСМ

Таа додаде дека  ќе  ја вклучат  бизнис заедницата во дефинирањето на приоритетите на општината и ќе воведат  бизнис форуми како редовна активност за проектирање и следење на  локалниот економски развој.

-Планираме подобрување и создавање услови за развој, инвестирање во индустриската зона, утврдена со урбанистичкиот  план во населено место во месноста  Речица и Новине преку изработка на проектна документација и реализација на инфраструктурата која ќе овозможи квалитетен пристап и промоција кај потенцијалните инвеститори,  изјави Мургашанска.

Нови мерки со кои младите ќе започнат свој сопствен бизнис, изјави Мургашанска.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)