Муслиманите го одбележуваат Курбан Бајрам

Верниците од исламска вероисповед денеска го прославуваат големиот празник Курбан Бајрам. Денот започна со утринската молитва сабах-намаз, како и молитвата бајрам назам, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан. Принесувањето жртва-курбан, има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои што имаат можност, а потоа им се подарува на сиромашните, соседите и роднините.

Граѓаните раскажуваат дека денот е исполнет со љубов, дружба со најблиските и хармонија.

-Се коле курбан, одиме на гости, утринава имаше молитва во џамијата. Јадеме баклава и слично-вели еден граѓанин.

 
Курбан Бајрам се одбележува 70 дена по првиот Бајрам во годината. Со него се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба. Првиот ден од празникот, 12-ти септември, е неработен ден за верниците од муслиманската вероисповед во Република Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)