Набавени нови душеци во „Зафир Сајто“

Во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ набавени се 30 нови душеци со цел подобрување на условите за престојување. Од таму информираат дека душеците ги набавиле со свои средства и објаснуваат дека наредната година ќе продолжат да ги обновуваат преостанатите душеци. Во домот се сместени  150 стари лица од целата земја кои за  услугите плаќаат околу 12 илјади денари. Домот на старите лица освен сместување им нуди храна и здравствена нега.

-Освен новите душеци ние планираме и други активности за подобрување на условите. Во февруари  беа пуштени во употреба 12 реновирани соби и тоалети. Оваа година во согласност со годишниот план планираме да реновираме уште толку соби и тоалети за да го заокружиме приземјето што брои вкупно 25 соби и холот на влезот со цел да се подобрат условите и да се врати имиџот што го имаше домот за стари лица, вели Џемаљедин Неџипи, директор на Домот за стари лица „Зафир Сајто“

Од домот за стари лица посочуваат дека во последниот период имаат поголем број на заинтересирани кандидати за сместување но немаат капацитет да одговорат на барањата. Тие потенцираат дека во институцијата недостасува лекар, па поради тоа не можат да пружат адекватна  помош на болните лица.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)