Награда за тројца кумановски доктори

Тројца лекари од Куманово се најдоа на листата на најдобро рангирани 100 доктори за месец април 2015 година според системот Мој термин која ја објави Министерството за здравство. Изборот е направен врз оснава на бројот на извршени прегледи и операции евидентирани во Националниот систем за електронски евиденции во здравство – Мој термин. Докторите добиваат посебно признание и паричен надомест во висина од нето плата или двојна плата за месецот за кој постигнале најдобар резултат. Од Општата болница Куманово се наградени докторите Исмаил Бајрами од општа медицина, Минур Бајрами од ортопедија и Ненад Ристовски од хирургија.

-Кај секој доктор наградата ќе биде позитивна мотивација и ќе има позитивен ефект да се потруди и да работи и понатаму со поголем елан. Мислам дека е позитивно од аспект што докторите ќе бидат мотивирани да работат повеќе и да се трудат да даваат се од себе.

Доктор Минур Бајрами почнал како специјалист, а на ортопедија работи две години. За месец април тој извршил околу седум операции и пет асистенции, од кои  пет се фрактури и две операции на тетиви.

-Најмногу работиме трауматологија или хитната хирургија и скршеници. Пред година дена добивме материјал за патологија на колкот и чекаме да добиеме средства за протези. Зимскиот период има повеќе случаи на скршеници во летниот период бројот е намален. Во просек на едно дежурство има и по две операции но некогаш нема ниту една. Најмногу може да има десет операции месечно.

Доктор Бајрами додава дека неговиот тим составен од специјалистот ортопед доктор Стефан Трајановски и трауматолог специјалист доктор Методија Димковски е добро организиран и има постигнато значителни резултати.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)