(ВИДЕО) Наградени најдобрите млади истражувачи

Најдобрите средношколци во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ ги добија дипломите за учество на 57-от државен натпревар за млади истражувачи во применети природни и технички науки, кој традиционално го организираше Народна техника, а годинава се одржа онлајн. На натпреварот учествувале 220 истражувачи.

-Традиционално со години наназад Куманово е со голем процент, меѓу најдобрите талентирани ученици кои секоја година освојуваат награди, учениците од средните и основни училишта се креативни, иновативни и ова се единствени натпревари во кои што работат на истражувачки проекти-истакна Пере Митрев извршен директор на Народна техника.

Од средното училиште Наце Буѓони од Куманово информираат дека учениците годинава постигнале две први, три втори и едно трето место.

-Достојно го претставија нашето училиште и мислам дека ќе дадат доволен поттик за запишување на учениците и поттикнува за уште подобри резултати. Од сите смерови од нашето училиште, натпреварот беше во 19 категории, учествуваме во 10 категории-истакна директорот Драган Јаневски.

Признанија и дипломи денеска добија и учениците од основните училишта. Нив ги додели градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Коментари

коментар(и)