Наградени најдобрите од конкурсот „Новогодишна желба“

Во Центарот за култура денеска се одржа завршна манифестација на која беа наградени најдобрите ученици кои учествуваа на литературниот конкурс Новогодишна желба. Учениците од основните училишта добија награди и пофалници.

-Навистина сме среќни кога ја гледаме оваа глетка со многу деца пријавени. Учествуваа ученици од основните училишта имаме наградени ученици, благодарници, тука ќе цртаат, ќе прават новогодишни ракотворби, лампиони, очекуваме дека ќе се дружат, имаме Дедо мраз, кловн кој ќе ги анимира мислиме дека ќе биде една интересна манифестација за децата во нашиот град-посочи директорот Сашо Тодоровски.

Првото место им припадна на учениците Јован Трајковски од Христијан Карпош и Ибраими Феризи од Толи Зордумис. Второ го делат Мила Христовска од Кочо Рацин и Меланија Цветковска од Браќа Миладиновци, додека на третото се најдоа Марио Симоновски од Магдалена Антова и Аниса Шабани од Наим Фрашери.

Надлежните од Центарот за култура истакнаа дека се задоволни од реализираните проекти во 2019-та. Тие се надеваат дека наредната година ќе биде уште поуспешна и дека конечно ќе започнат реконструкциите во театарот и парното греење. Инаку Театар Куманово до крајот на годината ќе изведе уште една премиера.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)