Ученици од основното училиште „Христијан Карпош“ Куманово постигнаа одлични резултати на 40-от Регионален натпревар по математика за ученици од основно образование кој се одржа на 26-ти март годинава, организиран од Сојузот на математичари на Македонија ( СММ).
Наградените ученици се:
– Алекс Стојилковиќ од Vб одделение освои прва награда – ментор Александра Павловска
– Лина Димковска од Vб одделение освои прва награда – ментор Александра Павловска
– Ангел Димковски од Vб одделение освои втора награда – ментор Александра Павловска
– Богдан Симоновски од IXб одделение освои третата награда – ментор Виолета Митровска
Натпреварот се реализираше во 18 региони, во училиштата – домаќини, преку организирана работа на координаторите, менторите на учениците и делегатите.